7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Да имаме 20% зголемени пензии, да има поголеми плати, многу млади луѓе да се вработат, тоа е обновата

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2, Владо Мисајловски денес се обрати пред граѓаните на Ѓорче Петров.

„Се случија многу работи. Често пати ми велат кога има избори нешто лошо ти се случува. Но јас чувствувам чуствувам обврска да терам позитивна кампања, да бидам позитивен, насмеан, да не направам криминал и корупција. Верувајте во мене верувајте во овие луѓе тука. Верувајте во Христијан Мицкоски, верувајте во коалиционите партнери. Овој пат вие сами одлучете”, истакна Мисајловски.

Тој пред граѓаните во Ѓорче Петров порача дека ќе ја говори вистината. „Пред некој ден гладам дека политичките противници изградиле клинички центар во Ѓорче Петров. Дали вие го видовте? Апсолутно не. Дали ги видовте оние 230 км автопати? Или 750 биле? Да не си поигруваат со нашата интелигенција. Размислете овој пат навистина. Претходните избори кажуваа дека не постои човек што ќе смени име. Не постои човек што ќе го смени нашето национално достоинство”.

„После 15 јули нема промени одберете сега. Дали сакате обнова со Христијан Мицкоски со сите нас или да продолжи Зоран Заев со она што го правеше овие три години. вие често пати ќе слушнете колку тој сега ја сака Македонија колку неговите пријатели од власта. Но гледате и други партии излегуваат со националистички тврди ставови. Нема да ги коментираме нив“, рече Мисајловски.

„Нас не засега да го сочуваме Ѓорче Петров да го сочуваме македонизмот во сите нас. Ова е патриотско Ѓорче. Овде постои емоција овде постои нешто што е свето. Тоа никој не смее да ни го одземе. Ние се обврзуваме и јавно говориме дека нема да ги разочараме. Јас знам дека Христијан Мицкоски ќе ги слушне сите ваши проблеми”, им се обрати Мисајловски на жителите на Ѓорче Петров.

„Дали сакате да имаме подобра иднина и нашите деца да останеме тука во Македонија во Ѓорче Петров или да имаме свиткана кичма дали треба Гоце Делчев да биде Бугарин, дали треба македонскиот јазик некој да го прекрсти. Дали треба некој повторно да си игра со овие прашања. Се надевам на разум кај сите партии. Независно кој од која партија е ние на сите ќе помогнеме. Нема да ги двоиме луѓето на наши и ваши, имаме заеднички проблеми. Но сите што погрешиле ќе си одговараат. Правда мора да има за секој. Јас сум од Ѓорче Петров, од нашето и вашето Ѓорче Петров, од Република Македонија. Така ќе остане. Ние не мразиме никој и ќе помогнеме на сите ние сме различни од нив”, нагласи Мисајловски.

„Да победиме, да победи Република Македонија. Да победи Обновата. Да имаме 20 % зголемени пензии, да има поголеми плати, многу млади луѓе да се вработат. Тоа е Обновата, да шириме позитивна енергија. Јас чувствувам обврска кон секој од вас и по изборите ви ветувам ќе останам тука за вас”, им порача Владо Мисајловски на гласачите од Ѓорче Петров.

Спонзорирано: