10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: ДУИ денеска и официјално се откажа од концептот едно општество за сите

ДУИ денеска и официјално се откажа од концептот едно општество за сите, реагираат од СДСМ, по пресот на кандидатот на ДУИ Насер Зибери.

Жалиме што ДУИ се служи со ваква националистичка реторика и ги поткопува придобивките од Охридскиот Рамковен Договор.
Времето за поделби е одамна завршено.

– За Коалицијата „Можеме” и СДСМ одамна не е важно кој на кој етникум припаѓа, туку колку е способен и работи во функција на „едно општество за сите” и сигурна иднина на граѓаните.

Како што тргнале ДУИ, до крајот на кампањата ќе си го сменат и името на партијата. Од Демократска унија за интеграција ќе станат Националистички радикали за дезинтеграција.

СДСМ останува столбот на стабилноста, на обединувањето, на заедништвото, на напредокот, на иднината, велат од СДСМ.

Спонзорирано: