8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ се нервозни од поразот што им следи во Битола и цела Македонија

„Во СДСМ се свесни дека во Битола, во цела 5ИЕ, но и во цела Македонија им претстои катастрофален изборен пораз и затоа се нервозни. Нервозата ги тера да прават очајни обиди за лична дискредитација на Игор Дурловски. Но таквите ниски обиди на СДСМ нема да ги изманипулираат граѓаните, кои ги видоа на дело неспособноста и криминогеноста на СДСМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, тоа што им го ветуваа на битолчани и на сите граѓани во 2016 година не го реализираа, затоа што беа фрлени на криминал, корупција и рекет.

„Еден од функционерите на СДСМ од Битола Васко Ковачевски има кривична пријава за злоупотреба, изнуда и 250.000 евра поткуп од фирма која законски добила тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола. Граѓаните видоа и за старските домови како биле земани баснословни суми под сомнителни околности и врските меѓу Кики и Шеки и случајот ‘Рекет’. Додека се разнесуваа торби со милионскиот рекет, за кој има сведоштво дека завршувал кај Зоран и Вице Заеви, Битола и цела Македонија тонеа во сиромаштија и бесперспективност. СДСМ сè што вети излажа, сè што фати исуши, сè што ветува пак лаже. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, се додава во соопштението.