„Требаше храброст за бомбите за да го собориме режимот. Требаше храброст за да го промовираме концптот „Едно општество за сите“, требаше храброст за Законот за јазици. Беше тешко да покажеме дека тие прашања се за доброто на сите, а не дека фаворизираат некого. Покажавме дека не ни недостасува храброст без разлика дали одлуките кои ги носевме влијаат на нашиот личен или партиски рејтинг.“- им набројуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на граѓаните на Куманово преку трибината на која партијата ги престави носителите во втората изборна единица, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.
Заев се присети и на храбри одлуки во здравството, образованието, економијата. Истакна дека секогаш приоритет биле интересите на граѓаните.
„Не знаете каква храброст е да ја зголемите минималната плата на 14 500 денари кога ве критикуваат, кога ве плашат дека економијата ќе тоне, а работниците ќе ги изгубат работните места, но покажавме храброст и мудрост и застанавме на страната на работникот и народот.“- дополни Заев.
Ваквите храбри одлуки со кои се гради иднината на државата ги поздрави целиот свет.
„Целиот свет ни се поклони на храброста. Во сите светски метрополи за македонските граѓани беше поставен црвен килим. Затоа граѓаните на 15 јули ќе изберат опција која го ризикува својот рејтинг само да им помогне ним и на нашата држава“- порача Заев и ја престави коалицијата „Моќеме“ како единствена опција на овие избори која мисли на европската иднина.