19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Фото) Љупчо Николовски им отиде на штанд на ВМРО ДПМНЕ

Фејсбук статус на Љупчо Николовски:

Кој би рекол. Со црвена маичка на штанд на ВМРО-ДПМНЕ! 😀

Шега на страна, знаете ли што ми е најмачно? Што луѓето семејствата си ги поделија, брат со брат се избришаа за пусти партиски караници. Мора да престане тоа луѓе драги!

Ќе ви кажам нешто искрено. Во таа партија има и чесни луѓе. Со образ. Имам и пријатели. На неброени “вмровци” сум им помогнал, сведоци се, си знаат.

За жал кај нив чесните не доаѓаат до површината. И во СДСМ не се сите перфектни, но владее демократија. Ако работиш чесно и си посветен, ќе бидеш препознаен и поддржан. Во ВМРО не е така.

Но, и тоа ќе се смени. Ќе дојде време кога во двете партии ќе владее демократија и конечно ќе бираме по тоа кој е квалитетен, а не по тоа кој од која партија доаѓа.

Затоа влегов во политиката и ќе се борам за истото до последно!

За крај, поздрав до моите пријатели и познаници од сите партии, ви посакувам се најдобро!

Спонзорирано: