Битолското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против жител на битолско село, за сторено кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Битолчанецот се товари дека во претпладневните часови на 23 јуни, ги искористил блиските роднински врски со детето и стекнатата доверба и така извршил полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Битола поднесе предлог за определување притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат дека тој ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и дека постои опасност да го повтори кривичното дело.
Судијата го прифатил предлогот и определил притвор за осомничениот во траење од 30 дена.