24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Фабио Скано-СЗО за Европа: Тоа што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко

Сега не е време за олабавување на мерките и спуштање на гардот, напротив треба да се прошири она што досега беше добро сработено во идентификување, тестирање и изолирање и трагање по контактите.

Сега е време цело општество да се вклучи во идентификување на случаи во рана фаза и продолжување со мерки за заштита. Само така ќе бидеме во трката пред вирусот, а ако не го направиме тоа резултатот ќе биде експлозивна ситуација која ќе бара воведување драматични мерки што ќе наштети на економијата., порача Фаби Скано, советник на регионалниот директор на СЗО, за Европа, на денешната прес конференција во Владата која беше организирана заедно со министерот за здравство Венко Филипче.

„Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко и она што мора да го знаеме е дека додека не се најде вакцина не смее да го спуштиме гардот. Дејствата што ќе се преземат во наредните денови се многу важни за справување со кризата и тука сум во вистински момент. Мора да му се спротивставиме на вирусот проактивно и да бидеме пред него. Целта ми е подобро да се запознаам со состојбата на епидемијата и ефектите од мерките кои се преземаат овде“, изјави Скано.

Тој рече, кога се олабавуваат мерките, стануваме помалку претпазливи и со тоа придонесуваме за ширење на вирусот но тоа може да менаџира ако навреме се откриваат случаите и контактите и се стават во изолација, како одговор прашањето дали некои мерки се преуранети и дали отоврањето на границите ќе придонесе за зголемување на бројот на случаите со Ковид-19.

„Отворањето на границите е тешка одлука, но не може да се прави бинарна интерпретација во однос на здравствената состојба. Мора да се балансира, односно треба да обезбедиме рана детекција без експлозивно ширење на заразатаи во исто време ако има потреба да бидеме селективни во однос на мерките кои се спроведуваат. Кога се отвораат границите најважно е да видиме за каква трансмисија се работи, да ги изолираме случаите и да ги ставиме во изолација контактите“, рече Скано.

Повторното зголемување на големиот број случаи е нешто што може да се менаџира и затоа е потребно напорот да биде фокусиран на ова, но Владата и граѓаните мора да соработуваат, рече Фабио Скано.

Тој потенцира дека Македонија до неодамна беше еден од најдобрите примери за одговор на Ковид-19 во европскиот регион, а СЗО и земјата може повторно да се вратат на тоа.

„Препорачуваме да продолжите да идентификувате, тестирате и изолирате и да ги следите контактите и да ги ставате во карантински режим. Треба да се прекине ланецот на пренесување, секој случај треба да биде изолиран и згрижен, а секој контакт во карантин. Лицата кои се изолирани во карантин да бидат во соодветни услови.

Сите кои се болни треба веднаш да се самоизолираат. Да се следи појавата на нови случаи и да бидеме пред вирусот, а да не доцниме зад него. Мора да мислиме и на другите услуги за пациентите и да се одржуваат во функција.

Да се избегнуваат групирање на луѓе за да не се пренесува од лице на лице. Треба да се воведат контролирани мерки на контрола на ширењето на вирусот. Сепак ова не е задача само на Владата, туку на цело општество и секој поединец треба да помогне за прекинување на ланецот на пренесување.

Да продолжиме со миење раце, да внимаваме како киваме и кашламе, да се дистанцираме и носиме маски каде што треба“, порача Скано.

СЗО има целосно разбирање за социоекономските последици кои создаваат загриженост, но како што истакна Скано,здравствените и економските мерки не треба да бидат во судир.

Спонзорирано: