Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Спасовски: За нас, здравјето и благосостојбата на граѓаните се врвни приоритети од кои не отстапуваме.

Фејсбук статус на премиерот Оливер Спасовски:

За нас, здравјето и благосостојбата на граѓаните се врвни приоритети од кои не отстапуваме. Затоа, сите партиски активности ги прилагодуваме на новите околности со цел да го заштитиме јавното здравје.

Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“.

На овој начин го штитиме здравјето на граѓaните, а нашата изборна понуда ќе им ја доближиме преку онлајн и дигиталните алатки и начини на комуникација.

Спротивно на законот и спротивно на мерките и забраните, ВМРО-ДПМНЕ започнаа предвремена кампања со јавни собири на кои не се држи дистанца и не се носат заштитни маски.

Јавноста беше сведок и како Мицкоски посетуваше тератани, се групираше на јавни места, како седел во дел од ресторан кој не смеел да работи. Истовремено, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев не само што не реагираше туку со изјавата дека нема да казнува поттикна масовно прекршување на мерките и забраните.

Ова е јасна разлика помеѓу вистинска грижа за здравјето на граѓаните од страна на СДСМ и свесно загрозување на јавното здравје од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ВО САБОТА Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, еден од најпочитуваните небесни заштитници

ДЕСК

ПРОТЕСТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД – Се бара одговорност од институциите и заштита за секоја жртва на насилство

ДЕСК

ОКОЛУ 120 ЖЕНИ ГОДИШНО ЗАБОЛУВААТ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – Лекарите со важен апел за превенција

ДЕСК