Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето и лош пример што не треба да се следи

Додека состојбата со глобалната пандемија на коронавирусот бара општествена одговорност и дисциплинирано почитување на мерките за заштита, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со нивното крајно неодговорно и незрело однесување, соопшти СДСМ.

„Организирањето партиски собир како тој во Ново Лисиче, спротивно на сите протоколи за заштита на здравјето, е уште еден доказ дека оваа партија воопшто нема никаква грижа ниту совест кон граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето на граѓаните. Тие се најголеми непочитувачи на мерките и препораките, а нивниот Наќе Чулев намерно го саботира системот однатре.

Претходно, неодговорниот, незрел и опасен по здравјето Христијан Мицкоски одеше во вежбалница, кога спортските објекти беа затворени, одеше во кафеана во затворен простор, кога тоа беше забрането. Од самиот почеток на здравствената криза јавноста е сведок на непочитување прописи и мерки од страна на Мицкоски и смислено ширење лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките и да не го следат лошиот пример на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Токму поради ваквото незрело, неодговорно и несериозно однесување, на 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе биде казнета од страна на граѓаните.

СДСМ била и останува на страната на заштита на интересите на граѓаните и покажува вистинска грижа за заштита на нивното здравје. СДСМ е заедно со граѓаните во борбата со сите предизвици“, стои во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК