Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Се уриваат дивоградби и се воведува ред на охридското крајбрежје, кое мора да се заштити

Надлежните институции преземаат конкретни дејствија за уривање на дивоградбите со кои се загрозува охридското крајбрежје, кое е заштитено од УНЕСКО, велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека изминативе денови интензивно се отстрануваат нелегално изградени објекти на плажата Немо.

„Се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од Горица 3 до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата ‘Свети Стефан’“, информираат од владејачката партија.

Од таму додаваат дека со конкретен план и стратегија ќе се отстранат дивоградбите, со што 25 плажи по должината на Охридското Езеро ќе се вратат во првобитна состојба.

„Ред мора да има, мора да се заштити охридското крајбрежје. Нема толеранција за никого, ќе се преземат конкретни мерки против секој кој на каков било начин го уништува ова наше културно и природно богатство“, порачуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ И ДЕНЕСКА: Сонце, но и дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ НАЈКРИТИЧЕН: Се очекуваат дожд, грмежи, ветер и можен град

ДЕСК