17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Пресудата за “Рекет” потврдува дека правда и одговорност има за секој, очекувам правна разрешница и за случаите на СЈО

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, на изјавата на Боки 13 дека парите од Рекет треба да се бараат кај Зоран и Вице Заев рече дека ја потврдува поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со Јовановски.

-Па тоа ја потврдува впрегнатоста на ВМРО-ДПМНЕ за која што слушнавме со кого Мицковски седел, разговарал во претходните месеци и години и поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со целокупниот случај. Да не мисли дека некој ќе го спаси од одговорност. Добро е што дојде време и сме среќни денеска што имаме пресуди за вакви крупни случаеви кои што се отворија во државата. Тоа потврдува дека правда и одговорност ќе има за секој во државата, за било кој коишто ќе се огреши. Очекувам сега натаму лично целосна разрешница на сите случаи, над триесет во коишто е вклучено и целото актуелно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на многу структури. Да расчистиме еднаш со правдата со остатоците од режимот, да има одговорност и за „Талир” и за „Империја” и за било кој случај за коишто се збори во јавноста имаше постапки. Законот за Јавно обвинителство коишто стапува на сила тоа силно го овозможува. Заради тој закон добивме денеска и силна потврда и поддржа од Европската Унија. Заради тие процеси во државата доаѓаат одлични години, доаѓа еден убав период во коишто ќе ги трансформираме институциите и ќе одиме напред, а и ќе преговараме со Европската Унија. Тоа беше сон на многу генерации и сум среќен како генерација на млади политичари што денеска сме дел од таа генерација од тоа време во коешто направивме крупни чекори и во коешто има одговорност и правда за секој. Тоа го потврдуваат денешните пресуди коишто ги слушнавме, рече Николовски.

Спонзорирано: