Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

Водовод и канализација – Скопје со акција за плаќање на долговите на рати без камата

ЈП Водовод и Канализација – Скопје соопшти дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите на рати без камата.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 17 јуни до 31 јули.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката престанува да важи“, соопштија од претпријатието.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:
– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
– 02 3240 300,Дирекција
– kontakt@vodovod-skopje.com.mk
– www.vodovod-skopje.com.mk
– www.facebook.com/jpvodovod.skopje

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +