Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Реакции: “Значи, излезе дека седум дена можат да направат чудо за здравјето на граѓаните.”

Значи, излезе дека седум дена можат да направат чудо за здравјето на граѓаните, напиша лидерот на Достоинство генерал Стојанче Ангелов, коментирајќи го пресвртот Мицкоски да прифати избори во јули.

Граѓаните на социјалните мрежи пак се шегуваат, дека најверојатно тогаш коронавирусот ќе го снема, мислејќи на строгите барања кои во еден период ги имаа Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, а тоа е дека треба да има 0 заразени одреден број на денови за да има избори.

Мицкоски во повеќе наврати ги менуваше ставовите за изборите. Прво бараше избори на 13-ти септември, па потоа на крајот на август, за на крај да потклекне под притисокот на јавноста и да прифати разумни избори во разумен датум во јули.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК