23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Поради хирот на Мицкоски да ги одлага изборите народот ќе гласа среде јули на 43 степени!

Неодговорноста на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои постојано бегаа од изборите, конечно прифатиле изборите да се оддржат во средината на јули, кога темепратурите достигнуваат и до 43 степени.

Граѓаните во среда на 15-ти јули конечно ќе излезат на избори, под посебни здравствени мерки.

ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицоски бегаа од избори, иако тие можеше да се случат и на 14-ти или 28 јуни.

ВМРО ДПМНЕ веќе половина година е дел од техничката Влада и го држи под контрола најкруцијалното министерство за внатрешни работи кое беше клучен играч во борбата со ковид 19. Скандалозните снимки како за полициски час се играа ора, а полицијата не правеше ништо кои ја обиколија Македонија резултираа со стравични бројки на новозаразени. ВМРО ДПМНЕ преку својата дополнителна министерка за финансии блокираа кредит од 90 милиони евра кои требаше итно да бидат набавени за реализација на итни набавки на опрема во медицинските установи, со цел земјава да биде подготвена за уште еден бран на ковид 19 есенва.

Мицкоски во изминатите недели беше фатен како оди во теретана, а потоа и како руча во ресторан во затворени простории, за што веќе обвинителството води истрага, со оглед дека со часови инспекторите не можеа да влезат во објектот, а потоа се правел обид од одредени структури да се избришат камерите. Откако инспекторите успеале да влезат, полициски сили ги обезбедија снимките, а Мицкоски призна дека бил во кафеаната непочитувајќи ги протоколите и се правдаше дека не знаел какви биле новите протоколи на владата. Да не беше жално, ќе беше смешно, Мицкоски сите барања за одложувања на изборите ги темелеше врз “заштита на јавното здравје”.