Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Му се заканувал на Заев додека бил премиер, сега ќе одговара

На условна казна затвор од една година е осуден обвинетиот Д.Д. поради загрозување на сигурноста, откако лани упатувал закани кон тогашниот премиер, Зоран Заев.

Пресудата е донесена по признание вина од страна на обвинетиот 45-годишен скопјанец, информирааат од Јавното обвинителство.

Имено, во временскиот период од 23 до 24 јули минатата година обвинетиот во повеќе наврати, со коментари на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна против оштетениот, тогаш вршител на функцијата претседател на Владата на Република Северна Македонија. Со објавените фотографии и коментари тој директно повикувал на физичка ликвидација на оштетениот.

Со донесената пресуда, Основниот кривичен суд Скопје на обвинетиот му изрече алтернативна мерка – условна осуда со која му утврди казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку во следните три години по правосилоноста на пресудата тој не стори ново кривично дело.​

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +