Centar.mk
ЛОКАЛНО

Казнети 169 возачи за непрописно паркирање во Центар

ЈП „Паркинзи на општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје за седум дена санкционираа 169 непрописно паркирани возила.

Во периодот од 8 до 14 јуни, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 89 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство блокатор санкционирани се 80 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, соопштија од општината.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар се грижи за најранливите, продолжуваме со бесплатниот транспорт за лицата со попреченост

C +

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање

C +

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата Мирослав Крлежа, Дебар Маало добива уредена пешачка и резиденцијална зона

C +