Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ масовно ги кршат мерките и забраните

„Функционери на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со незрело и несериозно однесување, опасно за здравето и масовно ги прекршуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот“, соопшти СДСМ.

Според партијата, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Петар Ристески, веројатно инспириран од својот шеф Христијан Мицкоски, вчера ги прекшрил забраните за масовни собири.

„Ристески со поголем група луѓе, без дистанца и без никаква заштитна опрема тера партиска агенда, додека неговата партија секојдневно глуми загриженост за здравјето на граѓаните.
Класично лицемерно однесување на антинародното ВМРО-ДПМНЕ, глуми загриженост за здравјето на граѓаните а нивни фунцкионери од Мицкоски па надолу секојдневно ги кршат мерките и забраните и го загрозуваат јавното здравје. Ваквиот несериозен, неодговорен и опасен однос на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе биде казнет од граѓаните“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

КАНАБИС ПРОНАЈДЕН ВО ДОМ НА 68-ГОДИШНИК – Полицијата извршила претрес во прилепско село

ДЕСК

ИЗМАМА ОД НАД 1,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО СКОПЈЕ – Подигнале станбен кредит, ѝ ги зел парите и исчезнал

ДЕСК

НАПАД ВО СКОПСКИ ЧАИР – Две лица физички нападнале 21-годишно момче

ДЕСК