Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Случаен минувач спасил човек зафатен од пожар на нива во Прилеп

Вчера во 23.06 часот Ѕ.Н.(54) од Прилеп, пријавил дека во Прилеп, движејќи се по ул.„Димче Антулески”, во обработлива нива на место викано „Козле“, забележал лице кое било во пламен.

Лицето се здобило со изгореници, по што било пренесено во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека станува збор за Р.А.(39) од Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Ако вечерва се фаќате за волан, прочитајте ја оваа информација

ДЕСК

Мециновиќ кон Николовски: Не е Левица виновна за станбеното прашање – вашата врска со урбанистичката мафија е

ДЕСК

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

ДЕСК