Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Видео) Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

Надлежните за справување со корона вирусот се без компас. Глумењето нормализација води само кон ширење на заразата, изјави Лазо Јовчевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вонредна состојба во државава се прогласуваше и кога имаше триесеттина новозаболени на ден, а сега кога имаме четири пати повеќе ситуацијата е нормалност. Во моментов активни мерки за спречување на ширење на вирусот скоро и да нема. Мерките во моментов се недоволни, и очигледно и нејасни за граѓаните. Не може да се глуми нормалност кога гледаме како бројката на новозаразени со корона вирусот околу 10 проценти од тестираните, а достигна и околу 20 проценти од тестираните лица“, рече тој.

Според Јовчевкси, ова говори дека многу порано требаше да се спроведува она што ВМРО-ДПМНЕ го предлагале – поголем број на тестирања на населението.

„Мора да има масовен скрининг на населението затоа што од ден на ден се поголем е бројот на новозаболени медицински лица“, кажа тој.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +

Филипче: Организираната криминална група на Мицкоски ја држи државата изолирана од Европа

C +

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +