„Ние се обидовме да го свикаме Собранието за да се избегнат сите овие дилеми околу правната разврска околу изборите за жал немаше разбирање за тоа од никој друг и ситуацијата е таква каква што е. Мислам дека изборите којшто требаше да бидат на 12 Април сите се согласија да бидат час поскоро штом заврши вонредната состојба и причините за вонредната состојба. Ние веќе функционираме во овие услови на пандемија, може да се воведат специфични мерки за заштита на денот на изборите и особено за изборната кампања и верувам дека е во интерес и на државата и на граѓаните час поскоро да има избори, на петти јули, еве се спомнува како некој компромис и осми.“, вели Бојан Маричиќ од СДСМ.
„Верувам дека оваа работа ќе се заврши пред летото затоа што од септември имаме многу предизвици на сите полиња кои што треба да ги решава како што кажа и амбасадорот Жбогар политичка Влада со полн мандат и легитимитет.“
„Ние не преферираме да има избори без опозицијата, тоа не е посакувано сценарио за Владата, но, исто така не сакаме да дозволиме бесконечно кочење..“
„Ние влеговме во овој процес затоа што опозицијата сакаше предвремени избори и сега разговараме апсурдно за разлика од неколку дена кои што само укажуваат за жал само на тоа дека опозицијата бега од избори и верува дека на овој начин може нешто да си помогне.“
„Ова се специфични преговори, односно старт на преговорите затоа што се случуваат по нова методологија. Треба да се одобри таа методологија која што принципиелно, начелно беше одобрена меѓутоа сега треба да се операционализира. По прв пат ЕК составува преговарачка рамка за две држави, Северна Македонија и Албанија според новата методологија. Во таа нова методологија требаше да се операционализираат неколку битни принципи кои што значајни за одредени држави членки особено за Франција и таа методологија подразбираше една крупна тема, нова тема а тоа е принципот на реверзибилност или повратност во процесот.“
„Тоа значи дека ако некоја држава не напредува доволно или назадува во одредена област да има правен механизизам во рамките на преговарачкиот процес којшто ќе може да ја врати државата на почеток во некое поглавје или кластер.“, рече Маричиќ.