24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКИЗБОР

Понуди подобри од кога било: Како можете да купите куќа во Италија за еден долар?

Глобалната пандемија ги прекина патувањата, но исто така и побарувачката за домови во Италија по пристапни цени. Сепак, трендот на продажба на „куќи за еден долар“ се враќа. Понудите се чини дека се подобри од кога и да било, пишува Си-Ен-Ен.

Синкефронди, заедница во Калабрија, Италија, се нарекува себеси „село без корона“ (corona free) и се надева дека статусот ќе ја заслади привлечноста на домовите што ги продаваат за едно евро, или нешто повеќе од таа бројка.

Целта, како и другите дестинации кои нудат слични понуди, е да се сруши трендот на депопулација како што помладите жители си одат од ваквите места во потрага по работа.

Во Синикефронди, градоначалникот Микеле Коња ја смета оваа задача толку сериозна што му ја дал кодното име: „Операција убавина“.

„Пронаоѓањето нови сопственици за многу напуштени куќи што ги имаме е клучен дел од операцијата, што ја започнав за да го вратам животот во запуштените делови на градот“, рече Коња за Си-Ен-Ен.

Во овој град, понудата на недвижнини функционира малку поразлично отколку во другите градови кои имаат слични понуди.

Додека сите други градови што продаваат куќи за едно евро бараат аванс до 5.000 евра, што се одзема од купувачот доколку не ја реновира куќата во рок од три години, Синсикефонди бара само годишна такса за осигурување од 250 евра се додека не завршат работите за реновирање.

Новите сопственици ќе бидат казнети со парична казна од 20.000 евра, што е малку веројатно, бидејќи реновирањето треба да гозавршат дури за три години.