Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петмина обвинети за непочитување на полицискиот час во Велес​

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози за 5 лица кои го сториле кривичното дело од член 206 став 1 од Кривичниот законик – nепостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Обвинителството на судот му предложи на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.

Обвинетите биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК