Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Академик Ќулавкова напиша па избриша твит против соживотот во Македонија

Академик Катица Ќулафкова предизвика бура од реакции на социјалните мрежи со нејзиниот твит „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“. По голем бројк жестоки реакции од луѓе од сите националности, Ќулафкова го избриша нејзиниот твит.

Следуваше објаснување дека јавноста не ја разбрала. „Твитот е личен и нема никаква врска со меѓуетничката македонска ситуација“, што предизвика уште поголем револт.

„Не ни го понижувајте интелектот..“…„ Би било академски, да се изинувате.Инаку, срам да ви е!..“, „За глупи ли не сметаш..“ се дел од одговоите кои академик Ќулафкова ги доби на нејзиниот Твитер профил.

Очигледно, граѓаните на Македонија се како никогаш досега сплотени околу соживотот, па ваквите големи „академски“ мисли веќе не проаѓаат така лесно како порано.

Спонзорирано: