Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Кичево: Си ја пресекол ногата со мотокултиватор, па починал

Кичевчанец починал на лице место, откако си ја пресекол ногата со мотокултиватор, информира МВР.

-Вчера во 16:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во село Другово, кичевско, 54-годишниот Ц.З. од селото, додека извршувал работи на нива со мотокултиватор ја исекол ногата и од здобиените повреди починал на местото. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот – велат од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Денес се слават Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск – празник со силна порака за верата

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК