Соопштение на СДСМ:
Новите информации кои излегуваат во јавноста за случајот кога Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата покажуваат дека незрелото и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ не престанува.
Според најновите информации објавени од високи фукционери во МВР, униформирани полицијаци дошле до ресторанот каде седел Мицкоски во обид да го спасат Мицкоски од одговорност.
Во обид најверојатно да го одбрани Мицкоски еден од сопствениците тврдел дека снимачот од безбедносните камери бил украден, но по претресот снимачот бил пронајден.
Ваков степен на ангажираност за да се прикрие тоа дека Мицкоски ги прекршил забраните докажува дека Мицкоски многу добро знаел дека не смеел да биде во затворен дел од ресторан и дека неговото тврдење дека не бил доволно запознаен со протоколите е целосно лажно.
Ова однесување на Мицкоски освен што е незрело и неодговорно, во исто време е и опасно по здравјето на граѓаните. За него поважни се кафеаните и теретаните, отколку јавното здравје.
За таквото негово однесување, одговорност мора да има, а граѓаните ќе ги ценат и судат неговите срамни постапки во време кога сите капацитети се насочени во броба притв коронавирусот.