26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Изборите се’ поизвесни на 5-ти јули – дури и во штабовите на ВМРО ДПМНЕ им рекле да се спремаат за избори

И во штабовите на ВМРО ДПМНЕ им било соопштено да се подготват за избори на почетокот во јули, дознава Centar.mk, иако партијата тактизира и поради лошиот рејтинг по низата скандали бара да бидат што понатаму.

Токму ова е потврда дека избори на 5-ти јули се јасна слика за тоа дека Македонија ќе мора согласно Уставот и законите да оддржи избори.

Откако Али Ахмети, соопшти дека тој ќе биде предлог за мандатар за новата Влада, од партијата ДУИ, со јасен и концизен став излезе и СДСМ, која соопшти дека идниот мандатар доколку победи СДСМ, ќе биде Зоран Заев.

Веднаш потоа се јавија и од ВМРО ДПМНЕ, кои најавија дека нивен предлог ќе биде нивниот лидер Христијан Мицкоски и ги разбија шпекулациите дека ќе го номинираат бегалецот и осуденик Никола Груевски за нивен предлог.

CENTAR дознава дека изборите во Македонија ќе бидат согласно препораките на Светската Здравствена Организација, а такви избори ќе има во речиси цел регион Србија, Словенија, Хрватска, но и во светски рамки, може да се земе Русија која и покрај големиот број на заразени од коронавирус ќе мора да излезе на референдум и да ја донесе државничката одлука.