Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Експлодираше противградна ракета во Ѓуриште – има повредени

На 03.06.2020 во 13.00 часот било пријавено дека во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште, Г.И.(58) од Куманово и М.С.(64) од Скопје, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета.

Според пријавеното, тие имале задача да подигнат 11 противградни ракети со изминат рок или неисправни.

При обид на Г.И. да извади една од нив, таа експлодирала и ги повредила двајцата.

Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +