Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пак пукање во Македонија

На 30.05.2020 околу 20.30 часот во СВР Битола, 29-годишна жителка на Прилеп пријавила дека слушнала пукање пред пекара на ул.„Јоска Јорданоски“.

Полициски службеници излегле на местото и пронашле и подигнале една чаура од куршум од гасен пиштол. Во разговор со полициските службеници пријавителката истакнала дека, додека поминувала тука со членови од семејството, забележала паркирано возило спроти пекарата, а кога поминале слушнале два истрели од возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК