Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пак гореа коли низ Скопје

На 30.05.2020 во 04.35 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во периодот од 22.00 часот на 29.05.2020 до 04.00 часот 30.05.2020 на паркинг на ул.„Трпе Петревски“ во Скопје настанал пожар во паркирано патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Т.(37) од Скопје.

Со пожарот било зафатено друго паркирано патничко возило „тојота аурис“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(52) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК