Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Од утре невреме во Македонија: Метеоцентар со детална прогноза за времето за следните 4 дена

Утре од пладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Потоа следува период на потопло време, но ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 03.06.2020
Минимална температура: 3°C до 12°C
Максимална температура: 19°С до 26°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=7

Прогноза за 04.06.2020
Минимална температура: 5°C до 13°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. УВ=8

Прогноза за 05.06.2020
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 23°C до 30°C
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК