Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Младо момче прободено во Куманово

На 01.06.2020 околу 01.00 часот во Полициската станица Куманово, М.Т.(28) од Куманово пријавил дека на 31.05.2020 околу 23.30 часот бил физички нападнат од неколку лица кои ги познава, при што бил прободен со остар предмет на левата рака.

Според пријавеното, додека бил во возило „бмв“ со неговиот пријател М.Д. од Куманово во близина на угостителски објект на бул.„Октомвриска Револуција“, им се доближиле лицата и физички го нападнале М.Т., при што еден од нив со остар предмет му нанел убодна рана на левата надлактица. После тоа, тие заминале во болницата во Куманово каде му била укажана лекарска помош. Во врска со настанот приведени биле А:Р.(32), Д.А.(19), А.Г.(27), М.З.(30) и Д.П.(26), сите од Куманово. По целосно документирање на случајот, СВР Куманово ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК