Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

АВМУ ги осуди заканите кон новинарската екипа на ТВ Клан

Во врска со заканите коишто вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ Клан во кумановско, Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги ги осудува и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.

„Агенцијата во повеќе наврати досега реагираше дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за медиумите професионално да си ја вршат работата, ослободени од закани и притисоци. Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК

Две лица пронајдени мртви во своите домови во Скопје – Јавен обвинител нареди обдукции

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: 27 годишна девојка заврши во Ургентен со тешки телесни повреди

ДЕСК