Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

“Изборите се решение за проблемот наречен Мицкоски и неговите кадри во Владата”

Изборите се решение за проблемот наречен Мицкоски и неговите кадри во Владата, соопшти СДСМ.

– Христијан Мицкоски во време на оваа сериозна здравствена криза се однесува несериозно и се обидува политички да профитира на здравјето на граѓаните, а кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната Владата работат на штета на граѓаните и државата.

Мицкоски на граѓаните им нуди само лажни вести и деструкција. Додека ги лажеше граѓаните дека нема доволно тестови за коронавирусот, дека поради кризата 140.000 луѓе останале без работа, тој си вежбаше во затворена теретана и во група се качуваше по Водно.

Откако не му успеаја обидите за создавање неоснована паника во јавноста сега Мицкоски прави сè државата да ја заглави во неизвесност и криза и да нема избори, бидејќи добро знае дека ќе биде поразен.

Затоа изборите се решение за проблемот наречен Мицкоски и неговите кадри во Владата.

Со ново Собрание и со нова политичка Влада со целосен легитимитет институциите ќе бидат посветени на обезбедување на законите во државата и заштита на здравјето на граѓаните.

Само на тој начин уште поефикасно ќе се справиме со последиците од досегашната епидемија, но и ќе бидеме поподготвени да го дочекаме септември и очекуваниот нов бран на вирусот, се вели во соопштението на владејачката СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +