Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Градоначалникот Смилевски и Славјанка Петровска поделија мали подароци на вработените од ПС Бутел

При посетата остварија средба со командниот кадар на полициската станица, при што доделија мали подароци за полициските службеници како благодарност за нивната секојдневна жртва и посветеност за безбедноста и заштита на здравјето на граѓаните.

Пожртвуваноста и хуманоста, кои секојдневно ги демонстрираа во изминатиов период е од големо значење за нас како општина и нашите граѓани.
Имено, Градоначалникот Велимир Смилевски од отпочнување на кризата со коронавирусот во континуитет дава поддршка за полициските службеници од полициската станица Бутел со техничка поддршка, оброци, освежителни пијалоци и друго.

Воедно, упатуваме апел до граѓаните да ја почитуваат одлуката на денешната владина седница, за рестрикција на движење на граѓаните за време на престојниот празничен викенд, со што ќе ја олесниме работата на нашите полициски службеници кои ќе бидат на своето работно место.Само така можеме да ја држиме епидемијата под контрола и да го заштитиме нашето здравје.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума

ДЕСК

Гувернерот Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

ДЕСК

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

ДЕСК