Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Манчевски на ТВ 24: Утре ќе се знае каков полициски час ќе има за викенд

„Во текот на утрешниот ден ќе има одлука каков полициски час ќе има викендов. Има и други точки на дневен ред меѓу кои и оваа за карантинот. Се вршат консултации, до сега се почитуваа препораките, ние ги следиме експертските мислења. Ние ќе мора да одиме кон олабавување на мерките, но тоа значи почитување на другите нерестриктивни мерки. Но, тие мерки не се почитуваат, не се носат маски, не се почитува растојание. Ако сакаме да имаме намалување на мерките, мора да се почитуваат препораките.“- изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на гостувањето на ТВ 24.

Тој објасни дека олабавувањето на мерките е правопропорционално со почитување на препораките.

„Она што може да се забележи деновиве има мал пораст на бројките на светско ниво. Нашите здравствени власти ги знаат точно кластерите и немаме непознати жаришта. Дел од заразените се од литијата во Струга, како и од вечерите за Ифтар. Затоа ако сакаме да се олабават мерки ќе мора да се зголеми личната одговорност преку почитување на мерките за заштита.“- дополни Манчевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК