Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Манчевски на ТВ 24: Две седмици МВР молчи за инцидентите со литијата и полициската прослава

„Имаме 40 нови, но далеку сме од деновите кога имаше над 100 заразени. Затоа сметам дека тоа што ќе произлезе утре од Кризниот штаб, од Комисијата за заразни болести и од владината седница ќе биде конечен став. Од една страна бараме олабавување на мерките, од друга имаме критика дека здравството не се справува добро со кризата. Јас сметам дека одлично се справуваме со пандемијата. Клучна улога имаа и медиумите кои редовно ги пренесуваат мерките. Ние како држава бевме меѓу првите со мерките, со државните карантини… МВР, конкретно министерот на телевизија дека некој него го тера да ги казнува граѓаните, а тој не сакал да ги казнува.“- изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Според него отсуството на санкции од страна на МВР кон граѓаните кои не ги почитуваат мерките создава нееднаков третман.

„Дел од заболените се од литијата, дел се од од прославата на МВР, а еве изминувааат две седмици како ништо не е преземено за настаните каде што не почитуваат мерките, немаме информации дали Внатрешна контрола на МВР прави истрага за слуѓбениците кои беа на терен, а не презедоа ништо. И затоа граѓаните се во недоумица, односно чувствуваат дека нема еднаков третман кон сите. Сите, и институции и граѓаните, сега кога се олабавуваат мерките насекаде, да апелираме да се почитуваат мерките за заштита.“- заврши Манчевски. 

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК