„Во оваа тешка криза ако имаа граѓаните на што да се потпрат тоа беа здравствените институции и така ја надминавме оваа здравствена криза. За прв пат ние имаме огромно мнозинство граѓани кои сметаат дека власта добро се справува со предизвиците, но ние не играме ситна политика, туку си рековме дека ќе ги слушаме лекарите. Ние му дадовме шанса на здравствениот систем, и на изненадување на многумина тие успеаја.“- изјави Радмила Шекеринска, министерката за одбрана, на телевизија 24.
Таа потврди дека СДСМ нема да предлага избори доколку здравствените работници тоа не го одобрат.
„Тоа што го правевме низ целата криза тоа го правиме и сега, се консултираме со лекарите. ВМРО ДПМНЕ сака да почне кампањата на први август, на втори август. Ништо не знаеме што следува на есен. ВМРО ДПМНЕ бара гаранции, затоа сакам со име и презиме да се каже кој е тој експерт што ќе каже дека во август нема да имаме вирус. Новиот пик може да се случи од септември. Дали ние сите посакуваме во тој период да се занимаваме со кампања, со избори или да се справуваме со новите предизвици? Тоа го прават паметните држави.“- објасни Шекеринска.
Дека оваа „техничка“ ситуација не е добра за државата потврдува и фактот дека поволен заем од Светската Банка не може да се реализира.
„Тој заем од СБ е за поддршка на здравството и на социјалата, но заменичката министерка за финансии на ВМРО ДПМНЕ не сака да го потпише. И како ќе одиме напред? Дали и ов иднина ни требаат вакви ситуации што ги спречуваат политиките на владата?“- праша Шекеринска.