СЕТУ на Град Скопје „Михајло Пупин“ денес претставува центар на електротехничката струка во Градот Скопје. Тоа може да го заклучиме и по минатогодишнот упис кога запишавме рекорден број на ученици последните најмалку 10 години или во бројки некаде преку 260 ученика или 10 паралелки во прва година носејќи се рамо до рамо со најдобрите гимназии во Градот Скопје, вели во интервју за „Локално“ директорот на средно електротехничко училиште, Димитар Ѓорѓиев.
– Сето тоа е благодарение на профилите што ги нудиме, а тоа се Електортехничар за Компјутерска техника и автоматика, Електротехничар за електроника и телекомуникации, Електротехничар енергетичар и тригодишно образование Електромеханичар и Електричар – Електроинсталатер за електро енергетски мрежи или позната како ЕВН паралелка. Во оваа паралелка се вклучени 6 големи компании кои по завршување на тригодишното образование на сите оние кои не сакаат да продолжат со образованието им нуди веднаш вработување. Морам да истакнам дека носител на сите активности во оваа паралелка е нашиот најголем партнер ЕВН Македонија со кого имаме одлична соработка која секоја година се надоградува. Училиштето денес располага со најпрофесионален кадар и современи лабаратории кои се целосно опремени со се што му е потребно за непречено одвивање на наставата, вели Ѓорѓиев, додавајќи дека полека но сигурно веќе она минато „Коце Металец“ останува во историјата и денес училиштето има еден поинаков лик.