3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пропаднатиот Мицкоски се плаши од граѓаните и затоа бега од избори

Благодарение на брзата и навремена реакција вклучително и сите мерки кои се презедоа, нашето јавно здравство одлично се справи со досегашниот тек на епидемијата, соопшти СДСМ.

„Втора брза и навремена реакција претставуваат мерките и политиките кои овозможуваат брза трансформација на економијата и што е можно побрз процес на опоравување на економијата. Сега потребни се избори заради здравјето на граѓаните, новата економија и демократски, целосно функционални институции со полн легитимитет.

Избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето е одговорно. Очигледен е стравот кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои бегаат од избори затоа што се плашат од соочување со граѓаните. Сакаат незивесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните.

СДСМ нема да дозволи пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза. СДСМ била и останува на страната на граѓаните“ велат од партијата.

Спонзорирано: