24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СВР Скопје расчисти неколку кривични дела

Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје презеде мерки и активности и по добиена наредба од судија на претходна постапка изврши претрес во дом на ул.„Никола Русински“, каде биле пронајдени С.Ј.(40) и Т.П.(41). При извршениот претрес биле пронајдени и одземени пиштол, мобилни телефони, ранци, обувки и повеќе други предмети кои потекнуваат од кривични дела „разбојништво“, „разбојничка кражба“ и „кражба“.

Имено, на 12.05.2020 на ул.„Радика“ осомничените со закана со пиштол ѝ одзеле ранец со предмети на Н.К., а на 15.05.2020 во 11.45 часот било пријавено дека на ул.„Варшавска“ во влез од зграда, две непознати лица со закана со пиштол ѝ го одзеле мобилниот телефон на И.Л.Б.(30) од Скопје и физички ја нападнале. СВР Скопје работи на целосно документирање на случајот по што до Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Исто така, полициски службеници од СВР Скопје, по наредба од судија на претходна постапка, извршија претрес во дом на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, каде престојува З.Т. (22) од Битола, при што биле пронајдени предмети за изработување на дозволи за движење при забрана за движење, фалсификувани документи за кредити и други предмети. Притоа, З.Т. признал дека изработил пет лажни дозволи за движење во полициски час, со печат на два правни субјекта кои биле дадени за лицата: З.Т., М.Н., С.Л., С.Д. и М.М.

По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.