Мицкоски многу пати повтори дека не сака премиерска функција ако цената за тоа е само еден човечки живот. Го повтори тоа толку многу пати и во(н) секаков контекст, човек да почне да се сомнева. Или многу сака да биде премиер или многу знае дека нема да биде премиер, ми вели еден комшија. А да му беше до човечките животи, можеше да се договорат со неговиот технички министер да преземе мерки да не се доведе во крајна опасност здравјето на тие неколку стотини ликови на верската дешавка во Струга. Ќе се воздржеше од нелегална посета на неговата омилена теретана, немаше да одржува или поддржува други масовки…, пишува Џабир Дерала за Фронтлајн.мк.
Не сака избори од познати причини, но затоа никако не може да се согласи со забраната за масовни партиски собири. Веројатно сака да го поправи впечатокот од неуспешната турнеја низ Македонија кога на „Разговорите за Македонија“ му доаѓаа по 10-12 луѓе. Дури ни роднините на неговите локални функционери не сакаа да се појават на тие собири. На неколку места, како што се дознава, дури ни тие не сакале да се појават… Или можеби не се сеќава, кој знае?
Меѓу улицата и социјалните мрежи, како меѓу чеканот и наковалната, Мицкоски би ја избрал улицата, иако не се прослави таму. Тој се спротивстави на предлогот на Заев за онлајн кампања, на социјалните мрежи. Зошто? Аргументот на Мицкоски е дека кампања на социјалните мрежи ќе значеле Фејсбук избори, а по нив ќе сме добиеле Фејсбук влада, без легитимитет, па затоа тој зад такво нешто не би застанал и не би учествувал во тоа.
Целата анализа прочитајте ја на Фронтлајн