Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Влада: Објавените е-маил адреси на министерствата за финансии и економија се од стар систем, лозинките се променети пред повеќе години

После јавното објавување на стари службени е-маил адреси и лозинки на министерствата за финансии и економија, Владата на Република Северна Македонија ја известува јавноста за фактите поврзани со објавените податоци.

Се работи за листа од неколку адреси и лозинки од поранешен систем за службени е-маил адреси на министерствата за финансии и економија. Дел од е-маил адресите не се во функција повеќе години бидејќи нивните корисници не работат веќе во министерствата, а лозинките на сите објавени е-маил адреси се стари и се променети пред повеќе од 7 години и во тие сандачиња не може да се пристапи преку објавените лозинки.

И во двете министерства, од тогаш се обновени системите за службена електронска пошта и се поставени протоколи со сложени шифри за службените е-маил адреси, како и други протоколи за сајбер безбедност на системите со кои се намалува ризикот и веројатноста системот да биде компромитиран.

Во моментов немаме докази дека системите за електронска пошта на министерствата се хакирани во скоро време, ги испитуваме сите детали поврзани со овој случај.

Владата на РСМ константно работи на обнова и зајакнување на ИТ системите во институциите и ја изработи првата Национална стратегија и акциски план за сајбер безбедност.

Можеби ќе ве интересира

Координиран одговор против организираниот криминал: Оперативните искуства од истрагите на Царина и останатите органи за спроведување на законот основа за SOCTA 2027

ДЕСК

ЦИВИЛ: Ниту едно презиме, функција или политичка врска не смее да биде штит за насилството и неказнивоста!

ДЕСК

СДСМ: Пред нас е борба со мафијата и неказнивоста – жените нема да отстапат!

ДЕСК