12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Царовска: Избори што поскоро, веднаш штом се создадат услови од здравствен аспект

„ Со првата фаза ќе видиме до каде сме, колку од граѓаните со тоа прво ослободување ќе продолжат да ги користат меките мерки, дали бројот ќе се зголемува или ќе се одржува на доредено ниво или ќе паѓа? И токму затоа комисијата за заразни болести на дневно ниво соопштува на Владата до каде сме ние како држава и со тоа ги преземаме следните чекори..“, рече Мила Царовска, во вечерашното гостување на Алсат телевизија.

„ Економската криза не е тајна таа се случува во светот се случува и кај нас, но може да оцениме дека меѓународните финансиски институции па и домашните институции се позитивни во проекциите што укажува дека падот на приходите е помал од она најдрастично сценарио и дека БДП сепак најмалку ќе падне во нашата држава во спроедба со земјите во регионот..“, вели Мила Царовска.

– Мислам дека опозицијата во моментов некако се занимава со тоа дневно политиканство наместо навистина да заеднички со владеачката партија влезе во спроведување на мерките и да заеднички помогне на граѓаните да ги искористат со дневно инфомирање, да не заборавиме дека сме и во техничка Влада каде што опозицијата има и свој претставник кој што има голема обврска да ги спроведува мерките, рече Царовска за Алсат.

Избори треба да има час поскоро, но е важно да и здравствениот аспект го следиме, во моментот кога ќе има можност и ќе се создадат услови од здравствен аспект да се одржат изборите тие треба да се одржат за да можеме сите институции за функционирање на една демократија да бидат ставени во функција и да што подемократиски се справуваме со оваа криза, исто така е важно и да има Влада со политички мандат која што ќе ги донесува одлуките но и собрание кое што ќе го конторлира истите тие одлуки, додаде Царовска.

Спонзорирано: