22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Бабин рецепт за крем-чорба од зеленчук!

Има ли нешто повкусно од бабина чорба?

СОСТОЈКИ:

1/2 главица црн лук
3-4 чешни бел лук
праз
парче корен од целер
малку магдонос
неколку брокули
карфиол
2-3 прокељ
1-2 моркови
малку пашканат
1 пиперка
2 лажици кисела павлака
2 лажици брашно
јајце
сол, бибер

ПОДГОТОВКА:

Зеленчукот добро измијте го и сварете го во солена вода. Зготвениот зеленчук добро измиксајте го во блендер и вратете го во водата во која се готвел. Оставете да зоврие, исклучете го огнот но оставете го на шпорет, па измешајте го разматеното јајце, во кое сте додале брашно и павлака. Добро измешајте, па загрејте (да не зоврие).

НАПОМЕНА: Доколку чорбата ви е прегуста, додајте врела вода.