5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

БРЗО И ВКУСНО: Плескавици од компир со месо!

Овие плескавици од компир со месо се неверојатни. Пробајте ги и вие – се подготвуваат едноставно и брзо, а се многу вкусни.

СОСТОЈКИ:

– 5-6 компири
– 150 грама мелено, претходно испржено месо
– лук – 1 главица
– 2 јајца
– брашно – една лажица
– малку магдонос
– сол, бибер, зачини

ПОДГОТОВКА:

1. Изрендајте го компирот и исцедете ја водата.

2. Додајте јајца, сол, бибер, брашно и измешајте.

3. Меленото, претходно малку испржено месо, измешајте го со ситно сецканиот лук, бибер, сол и останатите зачини.

4. Од направената маса компир формирајте тенки плескавици.

5. Ставете месо на формите од компир и поклопете ги со друга половина од смесата и пржете ги на врело масло од двете страни.

Готово е…

Исто така многу е вкусно ако плескавиците ги прелиете со павлака, а наместо месо може да ставите и салама.

Спонзорирано: