20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Кога и да има избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека нема поважен приоритет од здравјето,така што ако здравствената состојба не е добра, може само да си правиме планови.

-Но, како одговорни политичари, треба да заземеме јасни и прецизни ставови . Ние сакаме избори порано, бидејќи никој не знае кога ќе има наредни бранови со корона вирусот. Дај боже да нема, ама, што ако има криза од септември натаму? Тогаш влегуваме во комплетно вонредна состојба. Затоа нашиот став е избори да има во најбрзиот можен период и во олабавена состојба околу епидемијата. Кај нас има плус две причини за изборите – ние сме без парламент и немаме политичка влада во моментов, рече Заев .

Поконкретно, рече тој, изборите треба да бидат до средината на јуни.Но, тој забележа дека со свикување на парламентот паѓа нивната желба да бидат изборите во јуни бидејќи од тогаш почнува да тече рокот од 60 дена што ги бара Дерковски, претседателот на ДИК.

-Нели Мицкоски вели дека водат? Зошто тогаш бегаат од избори? Анкетите покажаа дека пред кризата водевме со три проценти, сега нашиот рејтинг е пораснат, и тоа им е јасно, реплицираше Заев на тврдењето на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи сигурно и тоа со двоцифрена предност.

Околу можноста да се одреди датум на избори без согласност од ВМРО-ДПМНЕ а опозицијата да реши да ги бојкотира, Заев одговори дека такво нешто не треба да се случи, дека тој е демократски политичар и може да се разговара со аргументи и да се постигне договор. Опозицијата според него треба да учествува и само така е исправно за граѓаните.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразен кога и да има избори. Затоа најважно е да се види што е најдобро за државата. Зошто? Бидејќи Владата има сериозни успеси. Ги решивме сите прашања. А, од друга страна имаме неодговорност на опозицијата. Оваа 2020 ќе има избори и ќе ги изгубат, порача Заев. Според него одговорните политичари носат одлуки, а од ВМРО-ДПМНЕ само се пренемагаат, не кажуваат јаси ставови и место тоа, излегуваат со банални изговори.

Спонзорирано: