Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: ЕУ не ни треба, ако цената е да не сме Македонци и да не говориме македонски јазик

Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, истакна претседателот Стево Пендаровски коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ.

-Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, вели Пендаровски во интервјуто за емисијата „360 степени“ кое ќе се прикажува вечерва на ТВ Алсат.

Шефот на државата одговара и на прашања за најавената лидерска средба, изборите и вонредната состојба. Тема се и безбедносните закани за земјава и состојбите во Агенцијата за разузнавање.

За лидерската вели дека во телефонски разговори потврди за присуство добил од лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, а во редовна комуникација е и со албанските политички партии. Лидерската, додава тој, би се одржала меѓу 10, 11 и 12 мај.

Можеби ќе ве интересира

Без техничка влада нема ниту минимални услови за фер избори

ДЕСК

Малите и средни претпријатија се ’рбетот на економијата – претставена Националната стратегија за МСП 2025–2030

ДЕСК

Страотен пожар со загинат во Тетово: Едно лице почина, неговиот син со изгореници итно е пренесен во болница

ДЕСК