17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Режимски полициски структури извршија упад врз најголемото хуманитарно движење кое им помага на илјадници семејства, само затоа што дел од помошта била донирана од Заеви

ВМРО-ДПМНЕ со нивните полициски структури нема да ја спречат македонската солидарност, откако режимски полициски структури извршиле упад врз најголемото хуманитарно движење кое помогна на најмногу социјално загрозени граѓани за време на коронавирус кризата.

Скандалозно е тоа што структури на Наќе Отсјај во полицијата се обидуваат да попречат хуманитарна акција, реагираат од СДСМ

За време на оваа криза наместо да помогнат ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски на било кој начин  гледаат како им одмагаат на граѓаните.

Тие не знаат да донираат, да помагаат, да дадат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаат само да грабаат од граѓаните.

Граѓаните уште еднаш може да се потсетат на режимското МВРО-ВМРО.

Скандалозното однесување на полицијата во Струмица покажува дека Наќе Отсјај ја злоупотребува полицијата во политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се истите манири кои 11 години ги практикуваше режимот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Законите мора да важат за сите и за оваа злоупотреба одговороност мора да има.

Очекуваме МВР и сите надлжени институции да отворат истрага за овој скандал и да соопштат на јавноста кој ќе понесе одговорност.

Хуманоста и помагањето на граѓаните немаат никаква врска со политика, тоа се морални и човечки вредности.

Ниту една злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја спречи хуманоста. ВМРО-ДПМНЕ со нивните полициски структури нема да ја спречат македонската солидарност, реагираат од СДСМ.