15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Истакнат член на ВМРО ДПМНЕ фатен со 600 евра поткуп

Истакнат член на ВМРО ДПМНЕ фатен со 600 евра поткуп Радовишката полиција поднесе кривична пријава против Игор Гоцевски, вработен во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за сторено кривично дело примање поткуп. Пријавата е процесуирана во Јавното обвинителство во Струмица, пишуваат медиумите.

Инаку, Игор Гоцевски е истакнат партиски кадар на ВМРО ДПМНЕ, член на општински извршен одбор во Струмица и раководител на партискиот сектор за аналитика. Сопругата Драгана Гоцевска на последните локални избори беше кандидат за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, инаку е поранешен раководител на одделение за премер и катастар во Струмица. Гоцевски користејќи ја својата позиција во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој сакал да изнуди 600 евра од земјоделец од радовишкото село Бучим.

Имено, земјоделецеот добил субвенции од државата и му била направена контрола, но потоа телефонски му се јавувал Гоцевски со закана дека ако не му ги исплати парите ќе направел записник во кој ќе констатирал неправилности во користењето на субвенциите и така ќе го спречел во иднина да не може да се пријавува на повиците за субвенции во земјоделството. Соочен со стравот да не остане во иднина без субвенции, земјоделецот од Радовиш го пријавил Гоцевски во полиција. Таа пак кримтехнички обработила 36 000 денари, износ кој потоа пријавувачот го предал на службеникот во Агенцијата. Малку подоцна, полицијата го сопрела мерцедесот на Гоцевски, а кај него биле пронајдени обележаните банкноти. Тоа било доволно полицијата да го потврди кривичното дело поткуп и да му поднесе пријава.

Според фоготграфиите на интернет Гоцевски е очигледно близок со раководната структура на ВМРО ДПМНЕ и со лидерот Христијан Мицкоски. На некои од фотографиите Гоцевски е сликан со пратеникот од Струмица, Пишев, и други..

Спонзорирано: