24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски го загрозуваат здравјето и животот на граѓаните

-Во период кога државата, но и целиот свет се справуваат со големата здравствена криза предизвикана од корона вирусот, ВМРО ДПМНЕ не понуди ниту едно решение за полесно надминување на предизвиците, туку остана доследна на ширењето лажни вести со кои го поткопува здравствениот систем и создава паника и страв кај граѓаните, соопшти СДСМ.

„Креирањето лажни вести е единствениот начин на делување на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ во време кога партијата е дел од Владата на Северна Македонија и кога граѓаните очекуваат одговорно и хумано однесување од сите политички фактори.

Ова се месеци кога сите надежи и очекувања на народот се насочени кон здравствените институции кои крајно одговорно и професионално ја извршуваат својата задача. Но, успесите и резултатите на јавното здравство очигледно му пречат на Мицкоски и затоа тој се промовираше со креатор на лажни вести со кои го заплашува населението.

Мицкоски се обиде да ја изманипулира јавноста дека здравствениот систем има само уште 100 тестови за корона, но реалноста потврдува дека од тогаш до денеска се направени околу 5.000 тестови кај различни категории пациенти.

Исто така, ВМРО ДПМНЕ сее страв кај народот со тврдењето дека 140.000 работници останале без работа во време на здравствената криза, што исто така преставува груба лага за создавање погрешна перцепција за владините политики и мерки со кои државата се обидува да ги надмине двете кризи- здравствената и економската.

Веќе од поодамна е јасно, наместо одговорно и совесно, јавноста со денови гледа несериозно и деструктивно однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, кои се очајни со лаги да стигнат до политички поени и сето тоа да го прават на штета на здравјето и животот на луѓето.

Никаде во светот, ниту една опозиција во време на пандемија не се однесува како што се однесува ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден политичар од независноста до денес, не се однесувал толку деструктивно кон својата држава и кон своите сограѓани, како што тоа го прави Мицкоски по шемата на Никола Груевски.

Сепак, граѓаните се тие кои ќе го оценуваат нивното поведение за нивното поведение. Владата и институциите остануваат посветени во борбата против коронавирусот и надминувањето на здравствените и економски последици.“ – се вели во соопштението.